
Американскиот претседател Доналд Трамп се очекува денеска да го објави нацртот на трговскиот договор со Велика Британија, велат два извори запознаени со ова прашање, пишуваат британските медиуми.
Ова доаѓа, откако вчера американскиот претседател најави прес-конференција на која, како што наведе, ќе информира за голем трговски договор со голема и високо почитувана земја.
Засега нема прецизна информација, ниту коментар од Белата куќа и од британската амбасада во Вашингтон за тоа дали е постигнат конечен договор или пак станува збор само за рамка која ќе бара понатамошни преговори.
Евентуален договор би бил прв од таков тип, откако амдминстрацијата на Трамп минатиот месец воведе високи царини за трговските партнери.
Американскиот претседател во објавата на неговата социјална мрежа Трут соушл (Truth Social) во која го најави договорот, не ја откри земјата, ниту условите.
„Голема прес-конференција утре наутро во 10:00 часот (според локално време) во Овалната соба, во врска со голем трговски договор со претставници на голема и високо почитувана земја. Прва од многуте!!!, напиша американскиот претседател.