ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Се одбележува 9. Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод 9-ти Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Владата на Република Северна Македонија денеска организира свечено одбележување на овие два значајни празника, со кои ќе се оддаде почит на хероите кои учествуваа во антифашистичката борба.
Како што соопштуваат од владината прес – служба, делегации на покана на Владата, ќе положат цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на „Ослободители на Скопје“ пред Владата, каде ќе има обраќања од претставниците на делегациите.