ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се одложи почетокот на судењето за ваучерите на АМС

Судскиот процес за злоупотреби со распределбата на т.н. спортски ваучери на Агенцијата за млади и спорт (АМС), чија прва главна расправа требаше да се одржи денеска, е одложен за 9 јули. Причина за одлагањето беше отсуството во судницата на поранешниот директор на Агенцијата, Дарко Каевски, кој е првообвинет во случајот.

Каевски, како што информира неговиот адвокат Петре Шилегов на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје, е на домашно лекување по хируршки зафат на тетива.

За одлагањето на судењето преку писмено соопштение на својата веб-страница информираа и од скопскиот Основен кривичен суд.

„Денешната прва главна расправа за предметот со К. бр. 884/24 поврзана со Агенцијата за млади и спорт и Македонски олимписки комитет, беше одложена заради отсуство на првообвинетиот Д. К. за кој е добиено известување, со прилог медицинска документација дека истиот е спречен да присуствува на расправата заради здравствени причини. Расправата ќе продолжи на 09.07.2024 година во 10:00 часот за што странките во постапката се веќе известени“, се наведува во соопштението на Судот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button