ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани

Се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани.

Advertisements

Пет пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ.

Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември”.

Исто така, за Грција со возила на ИМП се транспортирани тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ.

Со возила на ИМП ќе бидат транспортирани уште пет пациенти за Бугарија и пет за Србија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button