ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се отвора дебата за законот за дивоградби за сите прашања на кои посочи јавноста

Владата  отвора дебата за Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби, што е вратен во Собранието по одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот.

Advertisements

Како што соопшти владината прес-служба, ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите кои се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите кои се за лично домување и оние кои се изградени како станбени згради за профит, како и прашањето за категорична и јасна законска одредба дека со легализација нема да бидат опфатени бесправно изградените објекти во заштитените подрачја, како и сите други укажани прашања на кои посочија јавноста и граѓаните.

Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, уставната можност што ја искористи претседателот да не го потпише законот за легализација на дивоградби е уште една шанса заедно да се дискутира со јавноста, пратениците, експертите,.. да се најде решение со цел да им се помогне на граѓаните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button