МАКЕДОНИЈА
Се планира ул. „Цветан Димов“ да стане булевар, вели Шилегов

Улицата Цветан Димов во населбата Чари е планирано да се направи булевар, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот Кон“ на Алсат, градоначалникот на Скопје и кандидат за уште еден мандат, Петре Шилегов. Како што кажа тој, во тек биле и преговори со актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу.
„Планот е во наредниот мандат да ја пробиеме, затоа потпишавме со актуелниот градоначалник на Чаир, г. Висар Ганиу, спогодба и договор, да ја пробиеме ул. Цветан Димов, кај Јаја пашина џамија, да стане булевар „Цветан Димов“. Со шест ленти, со средишно зеленило“, рече Шилегов.