ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Се подготвува декларација во бугарскиот парламент поради изјавите на Николоски

Бугарската партија Преродба подготвува декларација која ќе ја поднесе во бугарскиот парламент на усвојување, а се однесува на изјавите на македонскиот вицепремиер, Александар Николоски, кои лидерот на Преродба, Костади Костадинов, ги смета за навредливи за бугарската држава, пренесува БГНЕС.

Advertisements

„Подготвивме декларација, ќе ја доставиме до парламентарната Комисија за надворешна политика и ќе побараме да биде свикан вонреден состанок“, изјавил Костадинов во парламентот.

Според него, Бугарија мора да ги информира своите партнери во ЕУ за тоа што се случува од другата страна на границата.

„Да се информира дека се саботираат политиките на цела Европа, како и Коридорот 8. Вчера изјавивме дека кога некој сака да биде во заедничкиот европски дом дека мора да ја почитува политиката на тој дом. Еден од условите е да имаш политика на добрососедство“, нагласи Костадинов и додаде дека со Македонија постои договор за добрососедство и пријателство кој, според него, отворено се прекршува.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button