КОШАРКАСПОРТ

Се подготвува нова сензација во НБАЧ Кевин Дурент се сели во Далас?

Три дена по сензационалниот трејд со кој Лука Дончиќ се пресели во Лос Анџелес Лејкерс и Ентони Дејвис во Далас Маверикс, се појави приказна за нов голем трансфер во највисоката лига. “Атлетик” пишува дека Далас, откако се ослободи од Дончиќ, сака да го замени со друга суперѕвезда. Тоа е Кевин Дурент.

„Изворите од НБА велат дека Маверикс, кои го шокираа светот со размената на Дончиќ за Дејвис, сонуваат да го додадат Дурент во нивното ново дуо Дејвис-Ирвинг. Иако таков договор изгледа малку веројатен, самата помисла на Дурент да се приклучи на ол-стар тимот на Мавс фрла нова светлина врз размислувањата на нивниот генерален менаџер Ник Харисон, кој беше исмејуван откако се одлучи да го пушти Дончич“, пишува Атлетик.

Дурент игра за Феникс и е една од најголемите ѕвезди во лигата. Тој е двократен шампион со Голден Стејт (2017 и 2018 година), а во двата наврати беше МВП на финалето. Тој беше најкорисен играч во лигата во 2014 година. Но, тој има 36 години. Доколку дојде во Далас, повторно би се здружил со четири години помладиот Ирвинг. Двајцата играа за Бруклин Нетс од 2019 до 2023 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button