ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се подготвува посебен закон за државата да функционира при кризи

Министерството за одбрана е на пат да биде предводник на системот за управување со кризи, како и оној за заштита и спасување. Во подготовка е Закон за заштита на критична инфраструктура, преку кој се очекува дополнително да се зајакне сигурноста на сајбер системите на институциите, но и виталните објекти во државата.

Advertisements

„Во регионот беа идентификувани зголемен број сајбер напади врз државните институции, организации, врз системите за водоснабдување, енергетската мрежа, транспортот и голем број на онлајн услуги кои ги користат граѓаните и стопанствениците и централните банки. Токму овие сајбер напади и хибридни активности се насочени кон слабеење на отпорноста на државите“, рече Славјанка Петровска – министерка за одбрана.

Креаторите на ова законско решение велат дека алармот бил вклучен по терористичките напади во Европа во Париз и Брисел пред неколку години, но актуелно и руската агресија во Украина. Се работи на изготвување систем, кој при војна или пак природна непогода, ќе осигура дека државата ќе биде функционална. Па, така, при било каква закана кон државата сега се создава приоритетна листа кој прв да биде информиран, а во случајов тоа би бил енергетскиот сектор.

„Ќе овозможи во делот на превенцијата, раното предупредување да го преземат самите носители на енергетскиот систем, на транспортот и во случај на потенцијална закана како што имаме секој ден, алармирањето првично да биде извршено внатре, во нивниот круг, а дополнително после ако е потребно, кај граѓаните“, рече Марјан Ѓуровски – универзитетски професор.

Со новиот закон, за кој во моментов тече јавна расправа, се очекува формирање на нова институција под Министерството за одбрана, која ќе биде задолжена за одржување на системот за т.н. критична инфраструктура.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button