Се поголем број деца инволвирани во кривични дела
Се поголем број деца инволвирани во кривични дела

Секоја година има стотици деца кои вршат криминални дејствија, од нарушување на јавниот ред и мир до убиства. Според податоците на Државниот завод за статистика, во последните четири години вкупно 2.275 деца се пријавени како деликвенти.
ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА
• 2018- 554 деца
• 2019- 525 деца
• 2020- 610 деца
• 2021 – 589 деца
Според законската регулатива ,деца со кривична одговорност се лица на возраст од 14 до 18 години. Според социологот Али Пајазити, социјалните мрежи се една од причините за оваа појава.
„Виртуелниот свет, т.е. светот на интернетот, различните игри што младите ги играат на интернет вклучуваат насилство што ја нарушува психологијата и внатрешниот свет на детето, и тоа се одразува на односите во секојдневниот живот со другите, почнувајќи од дома, улица, училиште, соседство, градот и општеството воопшто“, рече Али Пајазити, социолог.
Пајазити додаде дека оваа појава е последица на губењето на семејниот авторитет, бидејќи според него семејствтаа немаат време да се занимаваат со децата. Според професорката Ахмеди има различни причини за оваа појава.
„Формирање и функционирање на општински совети за превенција од детска деликвенција во општини каде тие не се формирани, или каде што се формирани, но се нефункционални (во 2020 година во РСМ функционираа 18 општински совети за превенција).
Идентификување и зајакнување на превентивните фактори како што се семејството, образованието, животната средина на децата итн., рече Блерта Ахмеди, професорка
Преземање превентивни активности за идентификување и борба ризичните фактори кон феноменот на детската деликвенција.
За борба и спречување на детскиот криминал во земјава, потребна е поефикасна меѓуинституционална соработка. Во таа насока, Законот за правда за децата ги обврзува сите органи на државната управа, судовите, јавните обвинителства, како и правните лица кои својата дејност ја вршат во областа на образованието, воспитувањето и заштитата на децата да соработуваат со Државниот совет за спречување на детска деликвенција./Alsat.mk
Ардит Рамадани