
Неказнувањето на прекршителите на законот го намали интересот на граѓаните да ги пријавуваат случаите во комисијата за спречување на корупцијата. Ова го изјави поранешниот член на антикорупциската комисија Шемши Салаи, кој подвлече дека тоа е причината поради која се чини дека новиот состав на антикорупциската комисија има помала активност во однос на претходниот состав.
„Државните органи се тие кои не преземаат мерки и не ги казнуваат лицата што прават законски прекршоци. Со тоа се намалува овој интерес што е денес во комисијата за спречување на корупцијата и пријавите што беа направени иако постапувавме и правевме иницијативи во други органи, како обвинителството или разни инспекторати и одговорни органи кои требаше да постапат, но не презедоа мерки. Тука е и интересот што паѓа од пријавите“, рече Шемши Салаи, поранешен член на Антикорупциската комисија.
Салаи понатаму додаде дека во однос на претходниот период е намален и интересот на опозицијата за пријавување.
„Од друга страна, има уште една појава што во нашиот период, тогашната опозиција речиси одвреме-навреме се огласуваше во јавноста, а за тие пријави бараа и одговори до каде се дојдени процесите на пријавите што ги правеа. Така што ние нужно сакале или не моравме да бидеме јавни и транспарентни за нашата работа, за што интересот за такво нешто во денешно време е многу помал од страна на опозицијата“, додаде Шемши Салаи, поранешен член на Антикорупциската комисија.
Тој повикува на освестување на граѓаните и ги повикува да ги пријавуваат сомнителните сличаи, без разлика на резултатите. Салаи исто така ги повикува властите да преземаат мерки и да ги казнат прекршителите на законот./Алсат.мк
Ајнур Бафќари