Се помалку месо на трпезите, поради високата цена

Со зголемувањето на цените, за се повеќе граѓани месото станува луксуз. Екипата на ТВ Алсат посети неколку продажни места за месо, продавачите не коментираа, но купувачите велат дека ја намалиле потрошувачката на месо дури и до 70%.
„Месо овој Рамазан сум земала само 3 пати, толку. На сите им е зголемена платата, а пензијата е 13 илјади денари…“, вели една граѓанка.
Месото е скапо, но и тој што го купува, го чува. Веќе не чуваме животни, се е скапо.
„Купивме 10 килограми пред Рамазан и не повеќе, со пензија од 12 илјади денари што да купиме. Едвај успеваме…Не е во ред затоа што е многу скапо, 600 денари-700 денари за килограм, многу скапо.., велат граѓаните.
Со одлука на Владата, цените на некои основни прехранбени производи се замрзнати, но на овој список не е месото. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, цената на месото е зголемена за 29,5 отсто во однос на февруари претходната година.
Ајнур Бафќари