Сè повеќе млади лица страдаат од срцеви заболувања

Срцевите заболувања се сè повеќе присутни кај младите. Според Институтот за јавно здравје, минатата година девет млади лица го загубиле животот како резултат на срцев удар. Сепак, статистичките податоци покажуваат дека граѓаните постари од 65 години и понатаму се во најголема опасност од срцеви заболувања. На Светскиот ден на срцето, лекарите повикаа на претпазливост во исхраната и избегнување на стрес.
Министерот за здравство ги повика граѓаните да вршат редовни прегледи.
„Возрасната група над 65 години сè уште е најмногу изложена на ризик и најмногу е погодена од кардиоваскуларни заболувања. 20% припаѓаат на помладата популација. Повикуваме на будно следење и контрола на сите фактори на ризик како што се висок крвен притисок, дијабетес и дебелина за популацијата погодена од овие состојби, а останатите редовни прегледи со цел да се дијагностицираат на време. Советуваме да се престане со пушењето и со другите нездрави навики“, рече Фатмир Меџити, министер за здравство.
Кардиоваскуларните болести се една од водечките причини за смрт на глобално ниво. Тие предизвикуваат повеќе смртни случаи од сите други болести заедно. Најмногу страдаат земјите со низок и среден приход. Проценките покажуваат дека најмалку 80% од сите срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес тип 2 може да се спречат.
Алсат