Се повеќе родители избираат модерни, поточно странски имиња за своите деца
Се повеќе родители избираат модерни, поточно странски имиња за своите деца

Последниве години е зголемен трендот на избор на кратки, странски и модерни имиња кај Албанците. За разлика од минатото кога за имиња најчесто се бираа религиозни имиња, последните четири години е сменет изборот на имињата на децата. Родителите најчесто избираат кратки имиња, не повеќе од четири букви.
„Од анализите што ги имам во последните четири години, гледаме дека има модернизација на имињата и имињата се малку пократки. Овде вреди да се спомене дека во минатото можете и сами да се уверите дека кај Албанците повеќе се употребувале имиња кои имаат посебен верски акцент, додека во последниот период имаме имиња кои звучат и се апсолутно албански”, рече Фатон Фазлиу, директор на Управата за матични книги.
Причините што ги наведуваат родителите кон овие назначувања се со цел полесно да се вклучат во европската култура, вели научниот советник во Институтот за културно наследство Хидајете Азизи.
„Дојдовме до претпоставка дека родителите користат се почесто кратки имиња како полесно би се вклучиле во трендовите на глобализацијата, на новиот пазар, за да не се истакне идентитетот, било да е верски или етнички, дури и во новите средини, но и кај нас. Затоа користат имиња засновани на религиозни или национални идентитети, обидувајќи се да ги камуфлираат имињата да звучат што е можно повеќе интернационално“, рече Хидајете Азизи, научен советник во Институтот за духовно и културно наследство.
Кај Албанците во Македонија, најкористено име во последните четири години е Хана, и тоа 753 пати, потоа Дуа 450 пати, додека кај машките најчесто се користи името Амар кое е употребено 389 пати./Алсат.мк
Линда Ебиби