ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се повлекоа тројца од четворицата кандидати за нов ректор на ДУТ

Се повлекоа тројца од четворицата кандидати за нов ректор на ДУТ

Кандидатите Башким Зибери, Миќереме Руси и Дервиш Алими вечерва соопштија дека се повлекуваат од трката за нов ректор на Државниот универзитет во Тетово. Причина се нивните основани сомневања дека изборите кои треба да се одржат утре, се наместени во корист на Јусуф Зејнели, зад кого се тврди дека стои ДУИ. Покрај притисоците врз професорите, овие поранешни кандидати тврдат дека има и политички притисоци врз семејствата на професорите со барање да мора да гласаат за Зејнели.

Во писмото со кое ја соопштуваат нивната одлука тие доставија и три барања до Владата и до Министерството за образование и наука.
Барања на повлечените кандидати:

1. Да се разреши претседателот на универзитетскиот Сенат поради незаконски одлуки, нешто што го потврди и Инспекторатот за високо образование.

2. Да биде разрешен в.д. ректорот Куштрим Ахмети кој е избран на незаконски начин, повторно според наодите на Инспекторатот за високо образование.

3. Бараме од МОН да назначи в.д. аполитички ректор со морален и интелектуален кредибилитет кој ќе го води процесот за избор на нови органи на ДУТ.

Понатаму, во писмото до кое дојде Алсат, тројцата повлечени кандидати наведуваат дека нивното останување во ова трка само би го легитимирало „заробениот и наместен процес“ полн со притисоци од страна на поранешниот ректор, а сегашен претседател на Сенатот, Вулнет Амети.

„Тенденциозно промовирање на програмите на кандидатите пред академскиот кадар со отворено залагање за еден од кандидатите, потоа разни притисоци низ академските единици, чести посети на факултетите на спротивставените кандидати од страна на претседателот на Сенатот и ректорот на универзитетот за да гиуценуваат и да му дадат поддршка на кандидатот зад кого стојат, па сè до индивидуални апели на професорите кои вршат разни форми на притисок. За конкурсот да биде уште побесмислен, тука ги додаваме и политичките притисоци врз професорите, односно членовите на нивните семејства. Понатамошното учество во овој конкурс само би го легитимирало овој процес кој е сè, освен слободен академски натпревар“, пишува во писмото.

Уште од објавувањето на конкурсот за нов ректор на ДУТ, АЛСАТ известуваше дека постојат законски и статутарни прекршувања, но и влијанија однадвор во насока на фаворизирање на еден од кандидатите./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button