Сè позагрижувачка е негрижата за менталното здравје, особено кај младите
Сè позагрижувачка е негрижата за менталното здравје, особено кај младите

И покрај фактот што во последно време се зголеми бројот на млади кои бараат психолошка поддршка, грижата за менталното здравје кај тинејџерите останува недоволна. Претседателката на Комората на психолози Мирјана Јовановска Стојановска вели дека државата не нуди никаква помош на овој план, а грижата за менталното здравје е многу мала. Всушност, не постои долгорочен систем во законодавството за основно и средно образование и законот за здравствена заштита за да се обезбеди психолошка помош на младите.Младите во отсуство на државна помош најчесто се упатуваат во приватни институции за психолошка поддршка и совет.
Стојановска вели дека и надлежните институции треба да се ангажираат за помош на родителите, за да им биде полесно да се грижат за своите деца.
Менталното здравје, според Стојановска, треба да се нормализира на ист начин како кога младите бараат помош за физичкото здравје. Сè додека истото не се нормализира, новите генерации ќе имаат уште потежок пристап до психолог.