Се проширува опозицискиот фронт против ДУИ

По најавата на Изет Меџити дека со формирањето на Новото движење ќе работи на формирање на албанскиот опозициски фронт, започнаа и првичните активности за соработка со Движењето БЕСА и Алтернатива. Пратеникот Фадил Зендели, вели дека има многу простор за создавање на албанскиот опозициски фронт, кој знае како да се справи со сите скандали, како и актуелните сомневања за нелегално работење на власта.
„Има исклучително добар простор, има исклучително добра политичка клима за оваа опозициска група да ја оспори политиката на владата, да креира нови политики. Со еден збор, да се отворат нови надежи за Албанците, бидејќи на крајот промената на албанската политичка сцена е неспорна и многу скоро ќе дојде“, рече Зендели.
Пратеникот на Алтернатива Хисни Исмаили, нагласува дека имало првична средба меѓу лидерите на опозициските партии и Изет Меџити, и додава дека засега има зацврстување на принципите и патувањето кое ќе го следат заедно.
„Полека мислам дека ќе се формира заедничко мислење за дејствувањето на опозицијата, како за пратеничката група и други прашања… Мислам дека потоа ќе има и други состаноци и постои сигурност дека едно од првите прашања за кои ќе се разговара, ќе биде оваа точка на дневен ред и верувам дека ќе имаме појасна слика за ова“, рече Хисни Исмаили, Алтернатива.
Пред неколку дена поранешниот потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, најави дека сите можности за враќање во партијата на Али Ахмети се исцрпени, бидејќи, како што посочи, таму не се слуша поинакво мислење. Меџити рече дека на 13 август официјално ќе го промовираат формирањето на Новото демократско движење, кое ќе соработува со Беса и Алтернатива како опозициски фронт.
Мефаил Исмаили