СПОРТФУДБАЛ

Се разгледува можноста европското првенство во фудбал да се одржи во една држава

Куќата на европскиот фудбал ја разгледува можноста Европското првенство да се одржи во една земја. Според прелиминарниот план, 12 градови и 12 земји требаше да го организираат натпреварувањето на најдобрите европски репрезентации, но поради пандемијата тешко е да се реализира овој план. Официјалната одлука ќе биде донесена во средината на април. ЕУРО 2020, лани беше откажано и презакажано за ова лето, од 11 јуни до 11 јули. Македонија за прв пат учествува на едно Европското првенство и е во групата Ц, со Австрија, Украина и Холандија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button