ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Се санираат последиците од невремето во Скопје и Тетово

Полека се нормализира ситуацијата во Скопје и Тетово по невремето што ги зафати двата града во неделата попладне, информираат регионалните Центри за управување со кризи (РЦУК).
Речиси 99 отсто од повиците на единствениот број за итни случаи 112 во текот на последното деноноќие, како што информира ЦУК, биле барања за записници за претрпена материјална штета. Тие ќе бидат испратени до надлежните во општините, а потоа до владина комисија за понатамошно постапување.
Скопје и Тетово во неделата попладне беа зафатени од силно невреме. Како последица на невремето до ЦУК сигнаа голем број пријави од граѓани за поплавени куќи и подруми, паднати дрвја, општетени автомобили.