ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се отстранува дрворедот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид

36 дрва стари повеќе од шест децении, денеска почнаа да се отстрануваат од една од главните охридски сообраќајници улицата Јане Сандански. Локалните власти тоа го правдаат со потребата од комплетна реконструкција на улицата, а еколошките здруженија се против ова. Од иницијативата „Охрид СОС“, бараат веднаш ваквата одлука да биде стопирана. Велат дека ваквите одлуки се носат без апсолутно никаква консултација со јавноста

Advertisements

„Ова не е првпат да се уништуваат здрави децениски дрвја на оваа улица. Напротив, ова е само повторување на повеќедецениска практика во градот – синоним за реконструкција на некоја улица да биде деструкција на повеќегодишни дрвја. Во предизборната програма на градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески еден од првите приоритети беше екологијата и зачувување на природата“, наведуваат од „Охрид СОС“.

Граѓаните се со поделени мислења. Велат дека повеќе нема да ги има длабоките сенки, кои се добредојдени за време на летните месеци.

„Дрвото го чисти воздухот. Дрвата се стари, но треба да се засадат други, а не да се сечат, да ги земи некој за продавање. Ова не е држава. Ова се е арамилук, се е башибозук“.

„Не е добар потег. Треба да садиш, а не да корниш. Чист воздух да дишеш. Вака асфалтот да го дишеш“.

„Овие дрва прават голем проблем. Конренот им е површински. Кај секое дрво на лева и десна страна е кренат тротоарот“, рекоа охриѓани.

Од општина Охрид, велат дека станувало збор за стари и оштетени стебла на целиот дрворед и оти во рамките на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, планирано е подигнување на нов дрворед.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button