ВЕСТИЗДРАВСТВО

Се шири грипот – заболени 40% повеќе од истиот период лани

Од почетокот на сезоната на грип досега се регистрирани над 19.000 случаи, што е за 40,9 отсто повеќе од истиот период лани. Во меѓувреме, оваа сезона 4 лица го загубија животот од грип, но имале и други болести. Што се однесува до минатата недела, забележано е намалување на заболените од грип за 15 отсто, но за разлика од истиот период минатата сезона, има четирикратно зголемување.

Advertisements

Докторката Сафјане Белчишта вели дека сезоната на грип сè уште трае, но сега со порастот на температурите има многу и пролетните алергии кои можат да предизвикаат компликации кај пациентите. Алергиите најмногу ги погодуваат децата.

„Алергиите најмногу ги погодуваат луѓето кои имаат слаб имунолошки систем. Најмногу ги погодува новородените деца и некои кои од родителите наследуваат слаб имунолошки систем, како и децата од 5 до 15 години, кога има промена на хормоните, кога почнува пубертетот, тогаш кај тие луѓе побрзо се развиваат алергии“, вели Белчишта.

Белчишта вели дека овие пациенти во моментот кога ќе ги забележат првите симптоми на алергија треба навреме да посетат лекар, за да се спречат можните компликации. Бидејќи со појавата на алергии, постои ризик од заразување со разни бактерии, паразити или развој на бронхијална астма.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button