ВЕСТИЗДРАВСТВО

Сè што сакавте да знаете за бременоста: 9 прашања на идните мајки


Секој жена која за првпат ќе стане мајка, има мал милион прашања кои постојано си ги поставува. Голем дел од нив се повторуваат кај сите, а ние решивме да дадеме одговор на истите.

1.Дали сексот ќе биде различен после породувањето?

Искрено – ќе биде. Не може да биде ист. Тоа не значи дека ќе се влоши, туку ќе биде поинаков. Вагината ќе биде малку опуштена, но се карлични вежби може да се врати во форма. Ова секако важи за жените кои ќе имаат природно породување. Ќе почувствувате непријатност при првиот сексуален контакт, можеби малку болка заради сувост. Затоа пробајте да му објасните на партнерот да биде понежен и да успори за да не ве повреди. Лубрикант би бил идеален на почетокот за да оди полесно целиот процес.

2.Која е првата работа што треба да ја направам штом дознаам дека сум трудна?

Првата работа е да погледнете во календарот и да видите кога последен пат имавте мензис. Потоа јавете се кај матичниот гинеколог да закажете термин за преглед. Лекарот врз основа на последниот пат кога сте имале мензис и ултра звукот ќе ви каже колку недели од бременоста поминале.

3.Колку може да му се верува на ултра звукот во одредување на полот?

Бебето мора да биде во одредена положба за да видат кој пол е. Се случува некои жени да не знаат до самиот крај бидејќи бебето си има една позиција и не сака да се заврти. Како и да е, пред породувањето ќе дознаете сигурно.

4.Како да одберам соодветна болница за породување?

Кога бирате нешто, секогаш убаво прашајте за искуството кое другите луѓе го имале. Посебно за болница и услуги. Прашајте ги пријателките, видете што ќе ви кажат тие. Потоа проверете и сами, направете неколку прегледи, одберете доктор ако веќе сте решиле породувањето да се одвива таму и со лесно. Само гледајте болницата да не е премногу далеку, во друг град и слично бидејќи тоа само ќе ви создаде дополнителен притисок и паника.

5.Што да подготвам за во болница?

Штом влезете во 9 месец, имајте подготвена торба со средства за хигиена, влошки за родилки и пелени за бебето. И секако, кажете му на сопругот каде ќе ја ставите за да може да ви ја донесе.

6.Какво е чувството кога ќе ти пукне водењакот?

Некои жени тоа го опишуваат како да пука нешто внтаре во вас, некои не чувстуваат ништо, само гледаат течност како излегува од нив, а на трети пак мора лекарот рачно да им го пукне на самиот чин на породување.

7.Дали да се породувам природно или со царски рез?

Секогаш природно, освен ако здравствената состојба не налага поинаку.

8.Колку трае самиот чин на породување?

Во просек трае осум часа кај прворотките, но може и малку повеќе Сè зависи од процесот на отворање на матката.

9.Колку боли и дали се издржува?

Тоа е болка која е навистина силна, но дека се издржува се доказ сите жени кои досега родиле. Кога ќе ги добиете породилните болки, веќе ништо не е важно, освен бебето да излезе здраво и живо. Затоа секогаш соработувајте со докторот и бабицата, и слушајте што ви зборуваат постојано.

А, сега – со лесно! 🙂

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button