ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Се споија жичките меѓу ЕВН и липковските села

Жителите на липковското село Оризаре протестираа пред канцелариите на ЕВН во Куманово поради прекин на струјата повеќе од 24 часа. Според нив, спорот меѓу ЕВН и жителите на соседното село Слупчане неправедно им нанесува штета ним. Жителите на Оризаре велат дека се редовни плаќачи.

Advertisements

„Известени сме дека има спор со Слупчане. Тие протестираа за мерачите. Тоа е нивна лична работа. Немаме струја 24 часа. Ние, како и целиот свет, живееме со струја. Побаравме да се пушти струја затоа што не сме виновни. Плаќаме редовно. Ако не сакаме да платиме после 1 месец ни ја прекинуваат. Цело село плаќа. Секој може да го докаже тоа, дури и вие медиумите“, рече Фарудин Дестани, претставник на село Оризаре.

Директорот на канцеларијата на ЕВН во Куманово ги повика жителите на средба, но според нив, потоа не ги пречекал. Тоа ги револтирало и продолжиле со протестот. Објектот го обезбедуваа полицајци.

„Одговорот на директорот беше овој: Додека мерачите во Слупчане не ги ставиме надвор, нема да имате струја. Неговиот одговор значи дека без да се среди работата таму, нема да имаме струја. Ова не е дозволиво и е услов. Да има институции во државата, тој денеска треба да си поднесе оставка и со него да се позанимаваат органите на правдата“, додава Дестани.

Од ЕВН најавија дека сè додека не се создадат безбедносни услови за интервенирање на екипите во Слупчане, нема да може да се интервенира за отстранување на дефектот што го предизвикале жителите на тоа село во трафостаницата. Како резултат на тоа и Оризаре ќе си остане без струја. Во меѓувреме, Министерството за економија ги повика граѓаните да ги платат обврските кон енергетските компании, а од институциите побараа да постапат согласно законот и да го решат проблемот.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button