Се тепале малолетници и жени, насилни кражби – Викендов во Скопје низа инциденти

Кражби на насилен начин и неколку физички напади и пресметки се регистрирани изминатиов викенд во главниот град.
Како што информира МВР во дел од случаите се употребувани и остри и тврди предмети, а дел од учесниците во немилите настани завршиле и во болница.
-На 28.08.2022 во 02.00 часот С.К.(48) од Скопје пријавила дека на 27.08.2022 околу 22.00 часот на подрачјето на Центар нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник со кого се познавале. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
-На 27.08.2022 во 22.07 часот во СВР Скопје од Градската општа болница “8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив била донесена Т.Ј.З.(28) од Скопје со повреди здобиени од физички напад. Имено според пријавеното, истиот ден околу 11.00 часот во с.Волково таа била физички нападната од две женски лица. Се работи на расчистување на случајот.