ВЕСТИЗДРАВСТВО

Се укинува функцијата економски директор во болниците

Владата со закон ќе ги отстрани и позициите на економските директори на болниците. Предлогот што денеска се разгледа на Владата, има за цел да ја подобри ефикасноста во управувањето со здравствените установи, да ги намали административните трошоци и да ги зголеми средствата за подобрување на здравствените услуги.

„Согласно новите законски одредби, ќе се укине постоењето на две раководни позиции – организациски и медицински директор, кои претходно беа присутни во здравствените домови со над 1000 вработени, универзитетски клинички центри, универзитетски клиники, клинички болници и институти. Отсега со овие институции ќе раководи само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на институцијата, како и за законитоста на работењето“, наведоа од Владата.

Долго време се зборуваше за смена на позициите економски директори во болниците. Министерот за здравство Арбен Таравари ја најави нивната смена уште кога првпат дојде на оваа функција во 2017 година. Но, со смената на министрите, процесот не се спроведе се до сега. Таравари вчера рече дека нема да бидат отпуштени сите, туку дека  добриот кадар ќе остане вработен во одредени болници.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button