
Дел од натстрешница се урна на улицата „Кнез Михајлова“ – главната пешачка улица во центарот на Белград. Како што јавува Н1, натстрешницата се урнала пред влез на позната парфимерија, најверојатно во текот на ноќта бидејќи, според изјавата на вработената во парфимеријата, сè било во ред во текот на претходниот ден.
Нема информации за повредени лица.
Секретаријатот за инспекција, надзор и комуникација на Србија соопшти дека градските и републичките инспекциски служби го затвориле преминот под зградата на „Кнез Михаилова“ пред парфимеријата и дека екипа на белградското јавно претпријатие за одржување на улиците и патиштата ја отстранила паднатата натстрешница.
Надлежните додаваат дека се работи за приватен објект и дека на сопственикот на објектот ќе му биде издадена инспекциска наредба во врска со потребната поправка на натстрешницата.