СВЕТ
Се урна покрив на автобуска станица во Полска, при што едно лице загина

Покривот се урнал во просториите на поранешната автобуска станица во полскиот град Млава во Масовското војводство, а според првичните информации едно лице загинало, додека три се спасени од урнатините.
Како што јави известувачот на ТВП3 Варшава, и пожарникарската служба ја потврдила смртта на едно лице и истакнала дека неколку луѓе најверојатно се уште се под урнатините, како и дека се слушаат гласови од урнатата зграда.
Како што јави ТВП, итните служби утринава во 10:50 часот добиле дојава за катастрофата.