ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се уште не е поднесена оставката на премиерот – Коалициските партии барале да остане до Самитот на ЕУ во декември

Премиерот Заев се уште не ја поднел својата оставка до Собранието. По вчерашната лидерска средба во Владата, дел од лидерите брифираат дека од Заев било побарано тој да остане на чело на Владата се до самитот на Европската Унија на средина од идниот месец бидејќи постоеле шанси, Бугарија да го тргне ветото и да се деблокира македонскиот интегративен процес. Извори на Сител кои присуствувале на средбата велат дека Премиерот воопшто не оставил простор за повлекување на одлуката и дека останува само прашњето кога тој и официјално ќе му соопшти на Собранието дека си заминува.

Advertisements

Од кабинетот на Заев демантираат дека тој се согласил да остане на чело на Владата уште еден месец но не откриваат повеќе детали. Во ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат дека оставката на Заев ќе заврши исто како и онаа на Филипче.

Уште вчера партиите од мнозинството изразија поддршка на Владата, а оние од албанскиот политички блок излегоа и со став дека оставката на Заев била избрзана и дека локалната и централната политика не треба да се мешаат. Вели, самитот на ЕУ доаѓа брзо, се работи за иднината на државата

„Ние потврдивме дека ја поддржуваме оваа влада и дека на земјата не и требаат предвремени избори бидејќи ќе ја втурнат во политичка криза. Не сметам дека опозицијата е подготвена да ја преземе власта. Се наоѓаме на месец дена пред самитот на Европската Унија и сметам дека се уште имаме време. Овде не станува збор за политичката судбина на било кој од нас, туку за иднината на земјата“

Во меѓувреме опозицијата не се откажува од намерата да формира ново парламентарно мнозинство, иако, според извори на Сител, шансите за тоа остануваат мали. Наши извори од брифираат дека е тешко да се убедат партнерите на СДСМ да ја напуштат коалицијата бидејќи како што велат никој не сака да предизвикува потреси во сопствената партија по резултатите на локалните избори и во пресрет на се поизвесните предвремени парламентарни избори.

Во СДСМ веќе втор ден владее молк. Од партијата се уште не излегуваат ниту официјални ниту неофицијални информации.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button