Се уште не се знае кој ден Мицскоски ќе го добие мандатот
Се уште не се знае кој ден Мицскоски ќе го добие мандатот

Еден ден откако претседателката Гордана Силјановска Давкова, изјави дека мандатарот ќе го добие мандатот за формирање влада следната недела, од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат кој ден може да се случи тоа. Тие остануваат на изјавите дадени последниве денови дека преговорите меѓу идните коалициски партнери се при крај.
„Не можам да кажам ништо повеќе од она што беше кажано јавно или во соопштението што досега го испративме до медиумите. Кога ќе има нов чекор, секако дека ќе го објавиме за граѓаните“, рече Наум Стоилковски, ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВЛЕН велат дека секој ден се зголемува нивото на меѓусебна доверба, и преговарачкиот процес продолжува да се развива со добра волја и висок интензитет. Од ЗНАМ рекоа дека чекаат на Мицкоски да му биде доделен мандатот за официјализирање на договорот меѓу нив. Вкупниот број на пратеници од трите субјекти кои се очекува да владеат заедно е 78, но тие отворено зборуваа за можноста за регрутирање и на други пратеници од редовите на партиите кои се опозиција во Собранието.
Европскиот фронт, од друга страна, за утре свика состанок на партиските структури и претставниците на коалицијата. Агендата и точките на дневниот ред на седницата не се познати. Тие пред неколку дена рекоа дека со договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се нарушува легитимноста на застапеноста на Албанците, се прави мајоризација и се крши Охридскиот договор./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши
https://ëëë.youtube.com/ëatch?v=N_O3_RybUe&t=2s