МАКЕДОНИЈА

Сè уште нема официјален кандидат за нов член на Уставниот суд, но се споменува главниот обвинител Јовески

Сè уште нема ниту еден официјален кандидат за нов член на Уставниот суд, иако во медиумите се врти името на главниот обвинител Љубомир Јовески. Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Костадин Костадинов, вели дека имињата на кандидатите ќе бидат познати кога нејзините членови ќе ги предложат. . Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува социјалдемократите дека го наградуваат Јовески со позиција во највисокиот суд во земјата поради заштита и прикривање на нивниот криминал. Јовески пред неколку дена одговори во медиумите дека ако го предложат за уставен судија, тој ќе прифати. Неговиот мандат како шеф на Јавното обвинителство завршува во ноември.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button