ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Сè уште се чака на отчетот за потрошените пари во Белград

Владата сè уште не може детално да ги собере податоците за трошењето на 400.000 евра во Белград за време на саемот на виното кој се одржа во рамките на „Отворен Балкан“. На прашањето на Алсат, кога Владата ќе го објави јавно трошењето на овие средства за да биде транспарентно пред граѓаните, вицепремиерката Славица Герковска рече дека ја чека конечната анализа од Генералниот секретаријат на Владата. Таа вети дека во најбрз можен рок ќе ги објави сите податоци.

Advertisements

Премиерот Димитар Ковачевски пред две недели вети дека многу брзо ќе им ги предаде на медиумите сите детали за тоа каде се потрошиле 400.000 евра во Белград, но засега нема информации од неговиот кабинет.

Владата на почетокот на септември потроши околу 400.000 евра за учество на летниот саем во Белград, кој се организираше во рамките на „Отворен Балкан“. Од овие трошоци Владата издвои повеќе од 70 илјади евра само за организација на македонска вечер. На саемот на виното присуствуваа голем број владини претставници како и самиот премиер Ковачевски. Но, Владата повеќе од месец и половина не сака да објави детални податоци зошто се потрошени сите тие буџетски пари.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button