ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Се вери холувидската двојка Зендеја и Том Холанд

Холивудските актери Зендаја и Том Холанд се свршија, открија неколку американски медиуми во понеделникот, ден по доделувањето на Златните глобуси каде актерката се појави со прстен украсен со голем дијамант.

Advertisements

Скапоцениот камен што 28-годишната актерка го носеше за време на церемонијата во неделата ги усвити социјалните мрежи, што поттикна многу обожаватели да шпекулираат за свршувачката.

Веб-таблоидот TMЗ, специјализиран за новостите од светот на славните личности, ја потврди информацијата во понеделникот. Според нивните информации, Том Холанд ја побарал за жена Зендеја на католички Божик.

Дваесет иосумгодишниот британски актер ја побарал раката на актерката „во многу интимен амбиент во еден од домовите на семејството на Зендеја во САД“, пишува сајтот.

„Кажано ни е дека Том не сакал да направи големо шоу од тоа, туку многу романтично и интимно запросување. Нашите извори велат дека семејството не било таму, (…) тоа бил само нежен момент меѓу Том и Зендаја“, објаснува TMZ.

Двајцата актери се запознаа на сетот на „Spiderman: Homecoming“ од 2017 година, филм во кој нивните ликови споделуваат бакнеж. Тие ја започнаа својата врска во 2021 година и се еден од најпопуларните холивудски парови, иако љубоморно ја чуваат својата приватност.

Том Холанд отсуствуваше на церемонијата на доделувањето на Златните глобуси во неделата, а Зендеја беше номинирана за улогата во комедијата „Challengers“, која прикажува љубовен триаголник во светот на тенисот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button