Се враќа хаосот во јавниот превоз

Веќе седум недели приватните превозници немаат добиено ниту денар од ЈСП. Токму ова ги принуди приватните превозници да извадат од сообраќај повеќе автобуси, предизвикувајќи хаос и оставајќи ги граѓаните да чекаат со часови. Според анкетираните граѓани, најпроблематични се автобусите на линиите 9, 19 и 20.
„Нема редовно, зошто, не знам.“
„Чекам 20 минути, редовно нема“, реагираат граѓаните.
Како што дознава Алсат, ЈСП им должи над 40 милиони денари на приватните превозници. Граѓаните се револтирани бидејќи имаат дополнителни трошоци, покрај месечниот билет што го плаќаат. Алсат, исто така, дознава дека во случај на неподмирување на долговите, автобуските линии ќе се редуцираат уште повеќе. од ЈСП не добивме никаков одговор во врска со ова прашање.
Мелихате Рустеми