СПОРТФУДБАЛ

Се враќа во Европа, Родригез се договорил со Рајо Валејкано

Според последните информации на шпанските медиуми, Хамес Родригез се договорил со Рајо Ваљекано и ќе пристигне во овој клуб како големо засилување. Хамес летово воодушеви со одличните настапи на Копа Америка и потсети на своите надјобри денови, а освен тоа претходно имаше солидни настапи во Бразил во дресот на Сао Паоло.

Advertisements

Сепак, по истекот на договорот стана слободен играч и неговата желба беше да се врати во Европа. Како што стојат работите таквата ситуација ја искористил поранешниот клуб на Столе Димитриевски. Покрај Рајо, Родригез преговарал и со Селта, но луѓето во Рајо биле поконкретни во својата намера. Во Шпанија како што е познато 32-годишниот колумбиец го носеше дресот на Реал Мадрид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button