Се враќаат работите на Скопско кале, Министерството за култура: На Кале ќе се гради музеј, а не црква
Се враќаат работите на Скопско кале, Министерството за култура: На Кале ќе се гради музеј, а не црква

Вратите на Скопско кале се отворени за посетителите, но она што го гледаат внатре често ги остава разочарани.
Така беше и со двајца посетители од Велика Британија. Лорен и Том, кои дојдоа да го посетат Скопје, кои покрај Старата чаршија, отидоа и да го видат Кале.
„Тоа е прекрасна структура, изгледа многу добро, но можеби треба да се вложи за да се помогне во одржувањето“, рече еден посетител од Велика Британија.
„Калето е прекрасено и големо. Драго ни е што го гледаме, но би било подобро да имаме повеќе информации за него, како во музејот, бидејќи сè уште не знаеме зошто е тука, треба да видиме на Гугл кога ќе одиме дома”, додаде посетителот од Велика Британија.
Министерството за култура, по повод плановите на Владата, го потенцираше враќањето на работите, кои се прекинаа по настаните на Кале.
„Управата за заштита на културното наследство во соработка со Министерството за култура и туризам започнаа активности со цел скопско кале да се врати како главна туристичка атракција на Скопје. Оваа дирекција формираше работна група од повеќе членови од различни институции, чија задача е да ги спроведе соодветните активности за оваа намена. Активирани се и надлежни институции со цел Кале да се прогласи за посебно културно значење, што значи дека ќе се назначи институција која ќе раководи со кале, за чистење, осветлување, хигиена, активирање на составните музеи, како и служба на водичите. Во моментов се работи на обезбедувањето на калето“, велат од Управа за заштита на културното наследство.
Во време кога повторно се разгоруваат етничките чувства со смена на балансерот, се разговара за законот за албански јазик, со повторното поставување на Ќосето, останува да се види дали ќе се гради музеј или црква. Скопското кале е изградено во 5-от век и оттогаш е уништувано, обновувано и приспособувано на потребите на многу окупатори низ нашата историја, историја која многу малку туристи ја знаат./Алсат.мк
Авни Тахири