
Стручни лица од Институтот за јавно здравје информираат дека во јули има благ пораст на заболените во некои општини во државата, јавија тиранските медиуми.
-Епидемиолошката состојба е стабилна. Карактеристично е благо зголемување на случаите со Ковид во јули во однос на јуни. Зголемување на бројот на заразени е забележан во 15 општини, во 30 општини нема регистрани случаи, додека намалување на бројот на заболени е забележано во 17 општини, изјави Артан Симаку епидемиолог од Институтот за јавно здравје.
Според него до сега се уште не е изолирана новата варијанта на Ковид, E.G 5.1, идентификувана во Соединетите Американски Држави и некои европски земји.