Се врати пак дивата депонија во Шутка

Последните месеци беа исчистени дел од дивите депонии на територијата на град Скопје, меѓу кои и ова во општина Шуто Оризари. Но, не требаше многу време, купиштата смет на истата локација. Дивата депонија во Шуто Оризари делумно се наоѓа на територијата на Шутка и на Бутел. Вработениот што го затекнавме кога стигнавме рече дека депонијата се шири, а со зголемувањето на температурите има опасност и за пожари.
“- Здраво!
– Дали работиш овде?
-Да. Чуваме и надгледуваме за да се одржи малку, колку што можеме.
– Зар оваа депонија не беше исчистена еднаш?
– Да ви кажам искрено, да.
– Кога?
– Пред 4, 5 или 6 месеци.
Сметот тука го фрлаат граѓаните нели?
– Да ти кажам право, не само жителите на Шутка, од цела Македонија доаѓаат и фрлаат тука. И таму почнаа да фрлаат. Само се шири.
Лошо мириса. Дали го палат ѓубрето?
– Да, се пали. Го палат тие што работат за нивната егзистенција, го земаат бакарот. Не не ги пуштаме да поминат, но влегуваат од сите страни. Нема чувар, ништо.
Загадениот воздух од изгорената пластика во овој дел веќе неколку години ги труе жителите на Визбегово и на Шуто Оризари.
“Оваа дива депонија во Шутка е само една од стотиците во целата држава што ги создале несовесни граѓани. Како што можете да видите, само во оваа дива депонија овде во Шутка, може да има стотици или илјадници пластични кеси, на кои ќе им требаат стотици години за да се распаднат“, изјави Еви Шкопи- Новинарка на Алсат.
Алсат за овој проблем за жителите на Визбегово известуваше и претходно. Од Шуто Оризари велат дека немаат доволно финансиски средства да ја исчистат и да контролираат да не се создаде нова.
Еви Шкопи