ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се вжештува политичката реторика за уставните измени

Дали со секојдневното користење на вжештената меѓупартиска реторика може да се приближат ставовите на двата табора околу процесот на уставните измени? Иако и власта и опозицијата повикуваат на единство и консензус за патот кон ЕУ, меѓусебните напади и обвинувања продолжуваат, а средбите и дебатите засега не вродија со плод. Според комуникологот Бојан Кордалов, сепак, решение е можно.

Advertisements

„Поговорката којашто вели „пред да се раздени е најтемно“ во балканската политика е најчесто применуваната, барем искуството тоа го покажува и токму во моменти кога политичките партии шират најтензична реторика, тоа значи дека најверојатно се најблиску до решавање на одреден проблем“, вели Бојан Кордалов – комуниколог.

Кордалов вели дека решение е можно ако се седна на иста маса со волја да се изнајде консензус, особено за државните стратешки интереси. Според него, токму тоа е и задача на политичарите.

„Ние многу често гледаме дека кога треба да се реши одреден проблем или прашање се префрла топката кај граѓаните. Не може граѓаните да носат тешки политички одлуки. Затоа гласаат или не гласаат на избори, како порака. Затоа се определуваат за својот фаворит, очекувајќи тој да донесе подобар живот и да ги решава проблемите“, додава Кордалов.

Во спротивно, додава комуникологот, населението ќе се иселува.

„Политичарите имаат опција или навистина да седнат и да ги решаваат проблемите, да разговараат, да подметнуваат грб, да прават вистински дебати фокусирани на потребите на граѓаните или пак да гледаат кој кога да дојде на власт и едноставно да се губат луѓето што ќе гласаат, но и луѓето што ќе останат во земјава“, вели Кордалов.

Кордалов истакна дека државата ќе нема иднина ако продолжи актуелната политичка дебата, бидејќи, како што оценува, партиите се обраќаат само на своите поддржувачи, а останатите ги третираат како да не постојат, што не доведува до нормална политичка дебата и изнаоѓање решенија.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button