Се заоструваат мерките против хибридните закани

Координативниот совет на разузнавачките служби при Владата одобри одлуки кои, според нив, ќе влијаат на откривање на хибридни напади во училиштата и институциите. Според министерката за одбрана, Славјанка Петровска, советот констатирал дека во моментов нема реална закана за безбедноста, но службите мора да работат на гарантирање на безбедноста..
Но, колку е Македонија отпорна на хибридни напади врз системот на безбедносните институции, и дали може да се очекува сценарио како тоа во Албанија, Петровска вели дека ниту една земја не е 100 процентни имуна и најавува нов закон за подобрување на заштитата од хибридни напади.
Досега, дојави за лажни бомби беа испратени во училишта, градинки, трговски центри и аеродроми. Официјално, надлежните велат дека работат на расветлување на случаите, а мотивот на нападите е геостратешката положба на државата. Засега откриен е само еден малолетник кој испратил лажна тревога и кривично ќе одговара за чин тероризам.
Адријан Керими