ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се запали автобус на ЈСП во Бутел

Се запали автобус на ЈСП во Бутел

Повторно се запали автобус на ЈСП. Денеска во Скопски Бутел, од автобус кој чекал на семафор почнало да избива чад. Огнот потоа го зафатил целиот автобус. На помош за гаснење на пожарот притрчале граѓани кои биле во близина. Автобусот е изгаснат, а во моментот екипи на ЈСП се обидуваат да го отстранат и префрлат на сервис. Според првичните претпоставки, пожарот почнал од електрична инсталација.

Advertisements

За десет дена ова е втор автобус на ЈСП кој се пали. Претходно мотор на автобус се запали во Транспортниот центар кај Железничка, а пред две недели, автобус едвај застана и се качи на жардињерата кај Мавровка. Во досегашните инциденти, тројца патници и еден возач беа полесно повредени. Автобусите на ЈСП се стари, а мнозинството во Советот досега трипати гласаше против набавка на нови автобуси поради политички калкулации со што се оди директно на штета на граѓаните и на нивниот безбеден превоз во главниот град. Директорот на ЈСП Драги Кушовски пред советниците бараше разбирање за набавка на нови автобуси бидејќи ЈСП од септември нема да може да се пополни возниот ред.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button