ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Се запали автомобил кај плоштадот „Скендербег“

Густ темен чад и пламен претпладнево ги вознемири жителите и минувачите кај плоштадот „Скендербег“ на влезот пред Старата скопска чаршија. На улицата меѓу Трговскиот центар „Мавровка“ и плоштадот „Скендербег“, пред влезот на Градски паркинг, се запали автомобил марка „форд“, кој за кратко време беше изгасен од четворицата пожарникари кои стигнаа на местото.
Сопственикот на автомобилот бил внатре во возилото кога тоа се запалило, а причините и нему не му се понати.