МАКЕДОНИЈА

Се затвори најголемата компанија за преработка на медицински канабис во Македонија

Се затвори најголемата компанија во земјава за преработка на медицински канабис „5 Летерс“ од Крушево. По последната полициска акција, Комисијата за следење, издавање и одземање на лиценци при Министерството за здравство заклучи дека прекршоците на субјектот создаваат основа за одземање лиценца. Од Министерството за здравство велат дека истрагата продолжува паралелно со Министерството за внатрешни работи.

Advertisements

Министерство за здравство: “Одлуката за прекинување на лиценцата за преработка на канабис е донесена врз основа на непочитување на еден од неопходните услови за кои ја добил лиценцата за преработка на канабис”.

Премиерот Зоран Заев изјави дека затворањето на „5 Летерс“ не е трајна. Компанијата може да поднесе барање за враќање на лиценцата по расчистување на кривичното досие и исполнување на условите. Според Заев, „5 Летерс“ биле гигант во индустријата за медицински канабис, и привременото затворање претставува значителна штета на економијата на земјата.

На крајот на јануари полицијата изврши претрес во компанијата „5 Летерс“ врз основа на информации дека корените канабис биле засадени во спротивност на законските рокови. Како последица на контролата полицијата конфискуваше 18.301 корени канабис во различни фази на вегетација, неевидентирани и без потребна документација. Досега Владата издаде 61 лиценци. Во моментов околу 20 компании чекаат лиценца да започнат со работа, додека уште десетици се во фаза на градба. Законот за наркотици и психотропни супстанции е заглавен во собраниска процедура од октомври минатата година. Опозицијата се спротивставува на предлогот со образложение дека нивната програмска дефиниција е против легализацијата на канабисот. Компанијата „5 Летерс“ дојде како странска инвестиција во 2017 година, а потоа се прошири со своите подружници главно во пелагонискиот регион.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button