Се зголемува бројот на наставници кои се за штрајк за повисоки плати

Секојдневно се зголемува бројот на наставници кои го поддржуваат генералниот штрајк во образованието поради ниските плати. Најпогодени се наставниците кои работат во други градови кои не добиваат надомест ниту за превоз. Двајца наставници со кои контактираше Алсат доаѓаат од Куманово за одржување настава во ОУ „25 Мај“ во Сингелиќ. Како што велат, сегашните плати во образованието се скандалозни.
„Тешко излегуваа на крај и пред кризата со оглед на тоа што сме на оддалеченост од 30 километри од местото каде што живееме. Тешко беше и тогаш, но сега е речиси неподносливо со зголемувањето на цените, со растот на цената на нафтените деривати, едноставно не е издржливо“, изјави Вулнет Аќифи, наставник по географија
Рамадан Османи, наставник по музичка уметност, вели дека како резултат на ниските плати во образованието, опаднала и вредноста на наставата. Според него, тоа влијае и на губење на волјата за оваа света професија.
„Ние секако дека доаѓаме, нашата главна мисија е да ја исполниме нашата обврска во однос на образованието, но крајно загрижувачки е како да се помине месецот со трошоците кои всушност се дел од секојдневните потреби за живот. Тоа е скандал. Ако сакате да ја видите состојбата на една држава, доволно е да видите во каква состојба е образованието. Не случајно се соочуваме со вакви тешкотии, а со ова ќе има уште поголеми последици во наредните години“, изјави Рамадан Османи, наставник по музичка уметност
Синдикатот за образование и наука веќе најави генерален штрајк од 11 април доколку Владата ги игнорира барањата за зголемување на платите во образованието и градинките. СОНК бара покачувањето да се одрази со мартовската плата за најмалку 18,5%. Според СОНК, ако во градинките платата била околу 25 илјади денари, реалната плата за мартовска би била околу 30 илјади. Ова би важело и за основното и средното образование. /Алсат.мк
Мелихате Рустеми