ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се зголемува бројот на пациенти во болниците во Тетово, Гостивар и Кичево

31 – годишна жена почина додека 47 заразени лица се хоспитализирани во Тетово, како резултат на корона вирусот. Се очекува бројот да се зголеми уште повеќе во наредните денови, вели Гезим Нуредини, од „Ковид“ центарот во Тетово, врз основа на зголемување на бројот на амбулантски прегледи, што достигна околу 70 за само 24 часа.

„За жал, имаме ситуација на постепено зголемување на бројот на пациенти. Во моментов имаме 47 примени пациенти, додека еден пациент почина, млада жена, 31 година, која исто така имаше крвна анемија и за жал почина. Од нив, 47, 40 се на терапија со кислород, односно тешки случаи и кои имаат други хронични заболувања кои уште повеќе ги влошуваат примарните. Што се однесува до бројот во амбулантата, имавме 67 пациенти во изминатите 24 часа, што покажува дека во наредните денови ќе имаме уште повеќе пациенти хоспитализирани, но и во амбуланти.“

Според Нуредини, ова зголемување главно се должи на малиот број вакцинирани во Тетово.

„Секако. Вакцинацијата е неопходна бидејќи тоа е единствениот начин да се заштитиме, да се вакцинираме. Но, граѓаните исто така треба да се грижат да се вратат на правилата за дистанца, да носат маски и да ги вакцинираат оние роднини кои не се вакцинирани.“

Бројките продолжуваат да растат во Гостивар. Само во текот на последните 24 часа, бројот на хоспитализирани во болницата во Гостивар достигна 46 лица. Отворена е модуларната болница за ковид, каде што, во случај на зголемување на бројот, се очекува пациентите да бидат сместени во слободни легла на оваа болница, велат од инфективното одделение во Гостивар.

Во Кичево, бројот на заразени секојдневно се зголемува. Пред неколку дена, во Кичево, од вкупно 21 тестирано лице, 12 беа позитивни, додека само до денеска напладне, од 12 тестирани, четири лица беа заразени со коронавирус. Сите примени во модуларната болница во овој град се на кислородна терапија, велат од кичевската болница.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button