ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се зголемува бројот на разводи, а се намалува бројот на бракови

Се зголемува бројот на разводи, а се намалува бројот на бракови

Бракот некогаш се сметаше за навек, но денес сè повеќе парови се одлучуваат за развод како последно или можеби единствено решение. Според последниот извештај на Државниот завод за статистика, во последните три месеци од минатата година, разведени се 601 двојка, што во однос на истиот период од претходната година е зголемено за 23,9%. Според истиот извештај, намален е бројот на паровите кои се одлучуваат за брак, со 2.430 склучени бракови во рок од три месеци, што во однос на истиот период од претходната година е намалување од 14,7%.

Advertisements

Согледувајќи ги социолошките и психолошките околности, велат дека брзата одлука за брак е една од главните причини кои доведуваат до развод.

„Мислам дека како главни причини и тоа што го покажуваат најновите истражувања е дека паровите или партнерите кои одлучуваат да го делат својот живот заедно, не се познаваат меѓусебно. Постојат разлики помеѓу нив и нивните интереси. Бидејќи пред бракот има многу интересни моменти, каде што нормално е емоционалната работа, работата на чувствата и таму логиката не е толку јасна, но всушност после бракот, кога ќе почнат да живеат заедно и ќе почнат да се познаваат верувам дека тогаш почнуваат да излегуваат на површина работи кои не се видени на време“, рече Фатиме Зибери, психолог.

Зибери вели дека недостатокот на толеранција и социолошкиот аспект се исто така дел од причините кои најмногу влијаат на растот на оваа појава.

„Да не ги заборавиме и другите причини, можеби социолошкиот аспект и средината каде што живеат. Бидејќи парот како пар имал очекувања дека ќе има своја приватност, ќе има право да прави што сака и да ужива во сопствената среќа, а физичките социјални услови не го дозволуваат тоа”, рече Фатиме Зибери, психолог.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2024 година, бројот на родени деца во земјата е намален. Родени се 3.968 деца, а во однос на истиот период лани нивниот број е намален за 4,2%. Во четвртото тромесечје од 2024 година починале 5.174 лица, од кои 10 бебиња, што е намалување за 1,0% во однос на истото тримесечје од 2023 година. Природниот прираст е негативен -1 206, што значи дека бројот на родени е помал од бројот на умрени./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button