
Ширењето на сезонскиот грип ги исполни речиси сите кревети во Клиниката за белодробни заболувања кај децата. Во Козле има 60 деца од сите возрасти и во сите одделенија, а 6 од нив се на одделението за интензивна нега и им се нуди кислородна поддршка.
Спасова рече дека во текот на 24-часовното дежурство се вршат околу 200 прегледи, а се примаат од 10 до 15 пациенти. Најголем број од пациентите се заболени од инфлуенца А.
Лекарите повикуваат на зголемена претпазливост, избегнување на непотребни излези, носење маски и спречување на децата да бидат изложени на загаден воздух./Алсат.мк
Ајнур Бафќари