СВЕТ

Се зголемува бројот на загинати во ноќниот клуб во Доминиканска Република

Билансот од трагедијата во престолнината на Доминиканската Република, санто Доминго, се зголеми на 98 загинати и повеќе од 150 повредени.

Advertisements

Трагедијата се случи во вторникот вечерта, кога од сѐ уште неразјаснети причини, се урна покривот на клубот „Џет сет“, за време на концерт на популарниот пејач Руби Перез, кој е меѓу загинатите.

Сè уште се трага по исчезнати лица во урнатините, а властите стравуваат дека бројот на жртви ќе се зголемува.

„Џет сет“ е еден од најпопуларните ноќни клубови во карипската земја. На концертот имало повеќе од 400 гости. Меѓу жртвите е и Нелси Круз, гувернерката на провинцијата Монте Кристи.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button