ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се зголемува бројот на заразени со Ковид-19

Позитивните случаи со Ковид-19 се зголемени за 3,7 отсто или 2.804 случаи повеќе во споредба со минатата недела. Околу 10% од тестираните за Ковид биле позитивни. Расте и бројот на починати. Во текот на изминатата недела имало 71 смртен случај во 20 градови, најмногу во Скопје 18. Најголем број починати или над 80 отсто се лица над 60 години. Меѓу пациентите кои починале вчера била и 16-годишна девојка без други хронични заболувања.

Advertisements

Министерство за здравство

„Синоќа на Клиниката за инфективни болести почина 16-годишно девојче од тетовското село Сараќино. Пациентката била во тешка состојба со пневмонија од ковид кога со возило на Брза помош била донесена на Клиниката. За време на дводневниот престој од 21 до 23 октомври во тетовската болница, констатирано било дека сега веќе покојната претходно 9 дена се лекувала дома. Пациентката немала други болести, но не била ниту вакцинирана. Како што ковидот напредуваше во респираторниот тракт, срцето на младата пациентка вчера престана да чука.“

 

Бројот на нови инфекции останува висок, односно 5,6%. Во неделниот извештај на ИЈЗ во периодот од 25 до 31 октомври, најголем број заболени имало во Скопје, а најголема инциденца е забележана во Кавадарци 304 случаи на 100 илјади жители.

Институт за јавно здравје

„Покрај главниот град, високи позитивни случаи се забележани и во Куманово и Тетово, а со најголема смртност се рангирани Прилеп, Охрид и Кавадарци. Смртноста најмногу напредувала во Струга со 6,4% и Крушево со 6%.“

Во изминатава недела оздравеле 2.205 пациенти. Во земјава во моментов се хоспитализирани 476 пациенти, од кои 248 се на кислородна терапија, а 8 се на механичка вентилација. Здравствените власти се обидуваат да го запрат новиот бран со зголемување на вакцинацијата. Според нив, во последните два дена биле дадени 9.009 вакцини, од кои 1.873 со прва доза, 1.580 ревакцини и 5.536 трети дози. Досега се имунизирани 37,5% од населението.

Adnan Qaili

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button