Се зголемува интересот за свадби

„Летото 2022 година се очекува да биде полно со свадби и разни семејни прослави. Иако мерките против КОВИД не се целосно укинати, има значително зголемување на интересот за невестински фустани и материјали за свадби за ова лето“.
Од продавниците потврдуваат дека веќе има масовни резервации и набавки за месеците јули и август. Дури, според сопствениците, овој голем интерес за организирање свадби дава надеж за подобрување на состојбите во овој бизнис.
„Очекуваме повеќе работа годинава бидејќи веќе започнаа нарачките за носии и златни елеци што невестите ќе ги носат оваа година. Нарачките обично се прават два до три месеци пред свадбата бидејќи се рачно изработени и бараат повеќе работа, повеќе посветеност и затоа нарачките се прават на почетокот на годината за месеците мај, јуни и јули, кога е сезона на свадби, за тогаш да бидат готови“, рече Орхан Амети, сопственик на продавница
Медина Фасли, шивачка на невестински фустани се надева на целосно укинување на мерките против Ковид. Како што рече таа само на овој начин може да се надоместат загубите од последните две години во овој бизнис.
„Верувам дека ќе биде многу поуспешна, ќе има повеќе свадби, термините за бели фустани се многу повеќе од последните две години. За седми и осми месец нема термини. Верувам дека и рестораните и музичарите годинава ќе бидат многу поуспешни во споредба со последните две години. Дали мислите дека оваа година ќе можете да ги надоместите сите загуби од изминатите две години? “Не знам дали ќе успееме да ги надоместиме сите загуби, но верувам дека донекаде ќе се приближиме“, рече Медина Фасли, кројач
Соговорниците рекоа дека поради големиот број нарачки за невестински фустани веќе планирале да го зголемат бројот на работници. Според сегашните протоколи, угостителските објекти кои се регистрирани за веселби, вклучително и свадби, можат да организираат работа исто како ресторанит, на отворен и затворен дел од објектот до 50% од капацитетот. /Алсат.мк
Мелихате Рустеми