
Додека надлежните се обидуваат да го санираат дефектот со компримираниот воздух на Клиниката за хирургија, листа на чекање на пациенти за интервенција се зголемува. Се лекуваат само итните случаи, а најголем дел од пациентите се префрлени во другите две болници. На одделот за траума на Клиниката за ортопедија, хирургот Александар Трајановски повикува проблемот да се реши што е можно поскоро.
Во меѓувреме, во болницата „8 Септември“ веќе трета недела интервенциите се удвоени. Претходно во дежурство имало по 2-3 интервенции, додека сега се прават и по 10 операции дневно. Директорот на оваа болница Христијан Костов побара медицинскиот персонал итно да се прераспредели онаму каде што е потребно.
И во поранешната воена болница и во Градската болница „Свети Наум Охридски“ има недостиг од медицински и болнички персонал. Овие две институции со официјален допис бараат од Министерството за здравство да трансферира 10-20 лекари, медицински сестри, технички и медицински персонал.
Аднан Ќаили